| четврток, 6 декември 2018 |

Горивата поевтини од полноќ

benzin1

Малопродажната цена на горивата од ноќеска на полноќ се намалува од половина до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81, односно за 1,20  отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се намалува за денар и ќе чини 80 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 поевтинува за 1,5 денари по литар и новата цена ќе му биде 81,5 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕ Л (Д – Е V) и на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се намалуваат за половина денар и ќе чинат 67, односно 55,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за  0,716 денари за килограм се намалува и  малопродажната цена на мазутот М – 1 НС и сега ќе изнесува 39,632 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривата од РКЕ ги посочуваат за  2,62 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за  0,66 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top