| четврток, 6 декември 2018 |

Излет мјузик – Охрид е вашата дестинација викендов

derik

Ако едно име постојано се повторува во дискусиите за техно музиката, тоа е името на Derrick “Mayday” May.

Заедно со Juan Atkins, Carl Craig и Kevin Saunderson, Derrick May се смета за еден од кралевите на детроитскиот звук.

Инспириран од Yello и Kraftwerk, тој започнува да создава електронска музика рамо до рамо со своите школски пријатели Juan Atkins и Kevin Saunderson.

Познат како Mayday или Rhythm е Rhythm  (понекогаш во комбинација со Carl Craig) и генерално со својот Transmat Records Label, тој креира нов правец во денс музиката, синтеза од напредни звуци, што е дефинирано како “техно”.

Изданијата на “Nude Photo” и “The Dance“  беа инспирација за многумина. Сепак, со издавањето на “Strings Of Life” во 1987 год. Derrick May постигна заслужено признавање на детроитското техно по европските клубови. Derrick May е еден од основоположниците на детроит техното, кој со својот оригинален, комплексен и меланхоличен стил го доби прекарот “Miles Davis на техното”. Истовремено воведе психолошки елементи и футуристичка визија во денс музика. Од музика на машини, ладна и бездушена, тој успеа да инјектира и извади толку многу надеж, духовност и душа со резултатот кој е навистина инспиративен….

Тоа име доаѓа во Македонија. Охрид е местото што треба да биде ваша дестинација во сабота, на 2 август. Дерик Меј и Македонската филхармонија во античкиот театар во Охрид на публиката ќе и понудат универзален перформанс во која ќе бидат спорени класичната и електронската музика. Проектот кој го носи името „Музика универзалис“ е во продукција на „Излет мјузик“, а е поддржан од Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top