| четврток, 6 декември 2018 |

Русите се против испраќање на војска во Украина

Две третини од Русите се против испраќање на војска во југоисточна Украина, покажаа резултатите од анкетата која ја спроведе Серускиот центар за испитување на јавното мислење.

russia_ukraine

Според податоците добиени од анкетата, 87 отсто од Русите знаат дека во Украина има борби, а 63 проценти од анкетираните Руси сметаат дека немирите треба да се решат со дипломатски методи, наведува Итар-Тасс.
Дваесет и два проценти од испитаните рекле дека ги поддржуваат хирушки прецизните напади, а само 11 проценти сметаат дека треба да се испратат руски војници во Украина.

Најмалку пет проценти од Русите сметаат дека руските власти не требаа воопшто да реагираат на случувањата во Украина.

Анкетата е направена во периодот помеѓу 10 и 19 јули во 42 руски региони. Анкетирани се 1600 лица од 130 градови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top