Додека некои девојчиња сонуваат за тоа да изгледаат како принцези, еднo шестгодишно девојче од Англија сакаше да им ги исполни желбите на децата заболени од рак.
Имено, шестгодишната Чарли Тилотсон од англиското место Сидмут никогаш во животот не се потстрижала и големо внимание посветувала на нејзината долга руса коса, објави „Дејли стар“.
– Од секогаш сакала да има долга коса – вели нејзинот татко.
Сепак, откако на една телевизиска емисија видека како болни деца се справуваат со ракот, Чарли одлучила да ја скрати својата коса и да ја донира на фондацијата „Мала принцеза“, која изработува перики за млади пациенти.
Освен тоа, таа собирала и пари за организацијата на деца заболени од канцер, преку акција на „JustGivingu“.
Таткото на Чарли, Стив, вели дека бил многу трогнат од барањето на неговата ќерка.
– Ми пријде и ми рече: „Тато, дали ќе ти пречи ако ја исечам мојата коса за децата кои имаат рак?“ Ми потекоа солзи – раскажа Стив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



