| четврток, 6 декември 2018 |

Јубилеен концерт на Влатко Стефановски во Битола

Влатко Стефановски, едно од најголемите македонски музички имиња, неодамна го издаде својот 32. албум, наречен едноставно „Сеир“, а оваа 2014 година се одбележуваат и 40 години од почетокот на неговата музичка кариера.

По тој повод и со уште неколку причини за задоволство и прославување, на 16 август, во античкиот театар Хераклеја во Битола, а во рамките на културниот фестивал „Бит-фест“, Стефановски ќе одржи голем концерт, кој ќе биде своевидна ретроспектива на неговата досегашна работа. Воедно, тоа ќе биде можност и за концертна промоција на новиот албум.

Картите се пуштени во претпродажба на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“.

Генерален спонзор на јубилејниот концерт на Влатко Стефановски е „Т-мобиле Македонија“ АД – Скопје и „Македонски телеком“ АД – Скопје.

Медиумски покровители на настанот се: „Нова Македонија“ и „Република“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top