| четврток, 6 декември 2018 |

Орландо Блум во врска со Бугарка?

По разводот со Миранда Кер, холивудскиот актер Орландо Блум постојано го поврзуваат со нова девојка. Неодамна, гласините беа дека постојат искри меѓу него и младата Селан Гомез, a потоа се зборуваше и за наводната врска меѓу него и убавата Лив Тајлер.

Според најновите озборувања во американските таблоиди, на последната конвенција „Комик кон“, Блум постојано бил во друштво на 25-годишната Нина Добрев, ѕвездата на „Дневниците на вампирот“, која по потекло е од Бугарија. Кај нас Добрев е позната и по улогата во серијата „Менталист“.

Според изворите на „Ју-ес магазин“, неа отсекогаш ѝ се допаѓал Блум, а неколкуте журки на конвенцијата тие ги поминале играјќи „валкано“ на подиумот. Од една од тие забави, заминале заедно гушкајќи се во раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top