Полицаец од Центарот за јавна безбедност во Прњавор, БиХ, непланирано станал главен лик во претставата „Да му кажеме НЕ на насилството во семејството“ која била изведувана во саботата од аматерскиот театар Млади Роми од Витез, обидувајќи се да ја заштити актерката која играла сопруга на насилник.
Полицаецот Н.М. слушнал пцовки и навреди од сопругот-насилник кој држел во рацете ножици и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе и ја отсече косата. Тогаш, полицаецот влетал на сцената која била поставена на плоштадот во градот и тргнал кој актерот со зборовите „Одби, ме слушаш ли ти мене!“ Пресметката со актерот ја спречила публиката со повиците „Застани, претстава е!“, по што сериозната сцена се претворила во комедија. Публиката урнебесно се смеела, а плоштадот брзо се наполнин со луѓе кои слушнале за непланираната сцена во претставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
МНТ ја подготвува „Галеб“ во режија на Нина Николиќ
-
Забавен викенд во Зоолошка градина: Претставата „Принцот жаба“ в недела напладне
-
Југословенско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Ајнштајновите соништа“