| четврток, 6 декември 2018 |

Томи Стефановски во делба на првото место на Сент Жан

karas-29383-640x431Во исклучително интересен финиш на пливачкиот маратон во езерото Сент Жан, Квебек, нашиот Томи Стефановски го измачи неговиот 20 години помлад колега, Канаѓанецот Ксавиер Дешарнаис за на крајот и двајцата да завршат со исто време со што го поделија првото место. Одличен настап имаа и другите наши маратонци, објави karas4training.com.

На 60-тото издание на ФИНА Гранд При пливачкиот маратон во Сент Жан, Квебек, Канада македонските маратонци Томи Стефановски, Евгениј Поп-Ацев и Александар Илиевски имаа одличен настап и успеаа да завршат на првото, четвртото и дванаесетото место.

Особено добар настап повторно имаше искусниот 42-годишен Томи Стефановски кој и покрај лошите временски услови успеа да го изнамачи 20 години помладиот колега, локалецот Ксавиер Дешарнаис до самиот финиш на маратонот за да завршат со исто време со што мораа да го поделат првото место на подиумот.

Стефановски како што старее станува се’ подобар. Иако со 43 години и шест операции на рамото тој минатата година успеа да заврши на првото место на истиов овој настан во студените 32 километри на канадското езеро, а оваа година повторно изненадува со одличен перформанс.

Одличен настап имаше и Евгениј Поп-Ацев кој заврши на четвртото место веднаш за Аргентинецот Дамиан Блаум и Александар Илиевски кој заврши 12-ти.

Во календарот на Гранд При-то на отворени води преостануваат уште три настани, меѓукои и Охридскиот маратон кој е закажан за 23-ти август.

Погледнете го фантастичниот финиш на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top