
Сте ја слушнале приказната за добриот педофил? Јас да, но само еднаш. Неговото име – или псевдоним, се разбира – е Адам. Тој е 19-годишен Американец, а неговата основна сексуална опсесија отсекогаш биле децата. Пред три години, тој сфатил дека нештата кои ги видел на интернет како предмет на страст биле грозоморни, и дека „овие деца се сепак вистински луѓе“. Решил никогаш да не се препушти на тие страсти. Сега води група за поддршка за други кои го почувствувале истото. „Признавам дека имаме наклонетост“, рече тој за американска радио емисија „Овој американски живот“. „Мислам дека ние сме подобри луѓе од оние кои излегуваат и повредуваат деца“.
Приказната на Адам е вознемирувачка; тој е толку непозната перспектива што не знаеме како да го вметнеме во нашата морална шема. Дали судиме според неговиот капацитет за подмолност, или според доблеста за неговиот отпор? Дали е тој лажен или светец? За да ви помогнеме да разбереме што мислите за тоа, земете ја превид оваа аналогија, поставена од д-р Џеки Крајсати, водечки психолог во оваа сфера. „Ако јас треба да ви објаснам, сето насилство е исто, а сите насилни луѓе се постојано насилни, и не можете да ги категоризирате според степенот на штетата, па вие би рекле: чекај малку! Постои разлика помеѓу оној кој прави бомби, и човек кој се обидува да го убие партнерот, и некој кој напаѓа некого друг во бар, и сите оние случаи за кои е потребен посебен пристап. Но ако направите иста поента со сексуалната злоупотреба на децата, луѓето би рекле: Па како се осмелуваш?“
Педофилите се чудовишта. Или според секоја мерка, ние сме ги направиле монструми, и до тука разликата е речиси ирелевантна. Ова не е оригинална опсервација, или изненадувачка. Џими Савил, Ролф Херис, Стјуарт Хол: се разбира, категорички ги сместуваме во преминати граници. Постои граница која оди против нашите чувства за вистинскиот поредок на нештата, и која повеќе вознемирува отколку самата злоупотреба на децата, но има малку нешта кои се поважни од искоренувањето на ова зло.
Но тоа отежнува логично да се разговара. Самото признание дека не се сите исти опасно е блиску до чинот на замислена симпатија, и оттука најдобро е ако премолчиме, помалку луѓе ќе знаат дека сте на нивната страна. Како што видовме неодамна кога Националната агенција за криминал (НЦА) најави апсење на 660 „осомничени педофили“ заради пристап до фотографии со злоупотреба на деца на интернет. Од НЦА рекоа дека имаат 10.000 осомничени. А во позадината беше бројка која е уште пострашна: Од Чајлд експлотејшн енд ионлајн протекш центер (СЕОП) проценуваат дека има 50.000 педофили во Обединетото Кралство кои онлајн ги гледаат овие материјали.
Операцијата која доведе до овие апсења беше важен дел од борбата да се покажат оние кои кријат слики со злоупотреби, и кои и не се толку анонимни колку тие би сакале да бидат. Никој кој е чувствителен нема проблем со тоа. Но некои луѓе изразуваат извесно разочарување – ако не и изненадување – заради начинот на кој овие луѓе се третирани, и од медиумите и од властите, од тогаш наваму.
Она што тие го кажуваат ги става под знак прашалник дури и најосновните услови по кои беше објаснет успехот на властите: „Ми беше жал да гледам како НЦА објавува извештај кој беше насловен `600 осомничени педофили`, вели Доналд Финдлатер, директор за истражувања и развој во Фондацијата Луси Фејтфул, која работи на спречување на злоупотреба на деца, помагајќи им на престапниците да се променат. „За повеќето од овие индивидуи нема голема веројатност да бидат клинички педофили, со кој се бара од нив да имаат примарен сексуален нагов за предпубертетски деца. Ако некој од нив има колекција на слики кои вклучуваат под 11-годишни деца, но и други, тоа нема да убеди ниту еден клинички лекар дека се педофили“.
Случајот со Адам покажува дека не сите педофили злоупотребуваат деца. А аргументите на Финдлатер исто така покажуваат дека не сите злоупотребувачи на деца се педофили. „Ако испитате сексуални престапници на деца-жртви под 16 години, само околу 30 проценти од нив се совпаѓаат со клиничката дефиниција за педофилија. Иако малтретирањето на деца немора да значи дека е сексуално малтретирање, сексуалниот елемент е само еден дел од покомлицирано психолошко објаснување“, вели д-р Крајсати.
Па така, во фразата „50,000 педофили“ зборот педофили е најверојатно погрешен. И ако сакате доказ дека ова е знак за избувнување на морална паника, морате да ја истражите и самата бројка. Педесет илјади педофили! Ниту еден извештај не објасни како се дошло до оваа бројка, и затоа се јавив во НЦА. Од каде им е овој извор? Ми рекоа дека дошол од проценката за закани од 2013 година. Портпаролотл ми го прочита релевантниот пасус: „Иако е јасно дека не може да се процени точна бројка, СЕОП проценува дека во ОК во 2012 имало околу 50.000 индивидуи кои се вклучени во даунлоудување и размена на непристојни фотографии на деца“. Добро, реков. А како стигнале до таа бројка? „Тоа е една од основите на истрагата и индикации добиени од партнери и разни соработки“, ми рече тој лефтерно. „Операциско искуство со партнерски истражувачки агенции“.
ОК. Сепак, смешното нешто е дека ова не е првпат да се појави ваква бројка. Во 2008 година, едно НВО од Швајцарија објави: „Неодамнешните бројки наведуваат дека околу 50.000 педиофили се приустни на интернет во секое време“. Во 2006, државниот обвинител на САД го рече истото. Тој го кажа тоа во телевизиската емисија „Дејтлајн“. Од „Дејтлајн“ го пријавиле ова до ФБИ. Ден Гарднер од ФБИ во неговата книга „Ризик: Науката и политиката на стравот“ не знае од каде се појавила оваа бројка. Всушност, никој не знае.
Сега излегува дека проценката на СЕОП за 50.000 е многу поверодостојна отколку претходната. Можеби ова е несреќна коннциденција. Но затоа што агенцијата рекла дека до бројката се стигнало само од распрашување наоколу, може да се сомневате дека ни од таму не дошле до неа. Па тогаш нема многу за што да се фатиме во фразата „50.000 педофили“. Како резултат на тоа,треба да бидеме поскептични во врска со опасноста која ја создаваат и оние 10,000 осомничени.
Помислата дека луѓето кои гледаат во овие материјали технички не се сите педофили, звучи како гротескна нерелевантност. Но важно е, затоа што помага да поставиме попрецизни прашања за нивното однесување. И одговорите можат да бидат проблематични: интернетот му дава кислород на овој вид на смела подмолност која некогаш може да стане латентна. Луѓето на интернет гледаат и обезглавувања. Понекогаш возбудата е помалку во материјалниот отколку во трансгресивниот чин.
Некогаш беше тешко да се најдат вакви материјали. („Да бидеме искрени, сите тие го гледале Оливер Твист“, рече д-р Крајсати). Но во интернет добата, бариерата за пристап до нив е значајно помала. Наминувањата на кратко, чудната помисла која можеби останала неартикулирана може да биде вдомена во дело; подлата тенденција во „мејнстрим“ порнографијата за екстремно млади – фантазирањето за ученици/чки, фразата „речиси легално“ – може да изгледа како да не е ништо страшно.
Финдлатер вели: „Па така продолжувате да гледате. Повеќето од нив не се на темната мрежа; тие не преземаат софистицирани чекори за да избегнат откривање. Многумина ја преминуваат линијата, а не знаат дека ја преминале“. Се вели дека секоја од овие снимки од деца пријавени во 2012 година се „самогенерирани“ – односно „селфи“. „Нема докази за принуда во овие случаи“, вели Финдлатер. „Па тоа да се категоризира како фотографија на сексуално злоупотребено дете – тоа повеќе изгледа како луксузирање“. Можеме да подзастанеме пред фактот дека категоризацијата на слики со повредување не се поразлични според тоа дали сликата е компјутерски генерирана или реална, иако и двете се за секаква осуда.
Аргуменитирано постои разлика помеѓу момче кое гледа 15-годишни и се повлекува затоа што е тоа погрешно, и маж кој гледа во деветгодишник и се откажува затоа што имаат девет години. Има нешто надреално околу помислата дека ако ги третиране различно, тоа е предмет на контроверзност.
Дали оние во власта ги признаваат овие комплексности? Не баш. Џим Гембл, поранешниот извршен директор на СЕОП кој го предводеше минатиот атак врз интернет, „Операцијата Оре“, се појави во емисијата „Њузнајт“ откако пукна сторијата. „Дали би им дозволиле на овие луѓе да го чуваат вашето дете?“, праша брутално. „Одговорот на тоа недвосмислено би бил не, и никој не би ни препорачал да го сториме тоа“.
Сето ова е во ред, без разлика до каде оди. Но не оди многу далеку. И тоа зборува за друга причина дека нашето погрешно користење на терминот педофил е толку важно: може да доведе до повреда на деца. Педофил или не, не би ги посакале овие луѓе како бебиситери, но многумина од нив се и татковци. Стапката на рецидивизам не е повисока од еден процент за повторно повредување деца. Финдлатер вели: „За да претпоставиме дека мора да ги тргнеме од семејниот дом – тврдиме дека е тоа за да ги заштитиме децата, но што ако е тоа сосема добар татко, вистински хранител на семејството? Џим Гимбл тврди дека се тие закана по децата, и страв за семејството. Зошто би останале со некој мажјак кој е опасен за вашите деца?
Несаканите последици од сето ова е морничаво смешни. „Објавите во медиумите се со цел да ги натера малтретирачите на деца да се повлечат, да се исплашат, да се тргнат на страна и да почнат да соработуваат“, вели д-р Крајсати. „Но тоа многу ми отежнува во работата. Тоа прави тие да се повлечат во себе кога поминав една година обидувајќи се да ги научам да ја преземат одговорноста“.
Слушајќи го сето ова, ми се чини дека фактот што сторијата за добриот педофил е толку ретка, можеби и не е, затоа што тие осудени да станат уште поретки. Наместо тоа, можеби кога никој не е подготвен да признае дека луѓе како вас имаат капацитет за пристоен живот, најдобриот чекор е не да барате помош, туку да останете невидлив. Претставата за педофил со морален код е една од оние за кои не сме подготвени да ги прифатиме, а нашето проповедање самото се исполнува.
Директно го прашав Финдлатер: „Можат ли педофилите да бидат добри луѓе?“ Тој подзастана и внимателно ми одговори: „Верувам дека цела палета луѓе со сексуални склоности, вклучувајќи ги тука и педофилите, можат да го контролираат своето однесување за да не повредуваат, и со добра волја да бидат добри во остатокот од животот“. Ова беше разбирлив одговор, но не е доволен како јасно да. А она што депримира е што воопшто не го обвинувам заради тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Барал голи фотографии од девојче (14), а сега е старател на Јана – откриена мрачната тајна на Марјановиќ!
-
Новинарка уловила хрватски педофил: Дојди кај мене во скут, ќе ти дадам 50 куни
-
Фаќање и нокаутирање на педофил (видео)


