
Секој кој живеел на западниот брег на Северна Америка можеби знае дека секоја година стотици видови птици сезонски мигрираат долж тој појас. Еден од тие видови е белокруниот стрнад, кој има многу необична способност во тек на преселбата да остане буден дури и до седум дена. Таа способност на овие птици овозможува да летаат и да се ориентираат ноќе, а храна да бараат дење, без одмор. Во изминатите пет години Министерството за одбрана на САД потроши огромни пари на проучување на овие птици. Научници финансирани од јавните фондови ја испитуваа мозочната активност на овие птици во текот на периодот кога се будни во надеж дека ќе дојдат до сознанија кои можат да се применат на луѓето.
Основната цел е создавање на војник кој нема да спие, а тој проект претставува само мал дел од поширокиот воен обид макар делумно да го надмине човечкиот сон. Краткорочна цел е наоѓање на метод кој на борецот би овозможил најмалку седум дена без спиење, а долгорочно можеби и два пати повеќе, со зачувување на висок ментален и физички ефект.
Постоечките начини на предизвикување на несоницата секогаш се следени со когнитивни и психички недостатоци т.е. намалена концентрација. Ова научно истражување не се спроведува за да се открие начин за стимулирање на будност, туку да се намали потребата на организмот за спиење.
Како што покажала историјата, воените иновации на крај неизбежно се асимилираат во поширока општествена сфера и бессониот војник ќе биде закана за бессониот работник или потрошувач. Производите за будење, кои агресивно ќе ги промовираат фармацевстките компании, ќе стане прво опција за одреден стил на животот, а подоцна за многумина и потреба. Пазарите од 24 часа и 7 дена во неделата и глобалната инфраструктура за континуирана работа и потрошувачка веќе постојат подолго време, но моментално се создава човечки субјект кој ќе се прилагоди на нив: мал увид во некои од парадоксите на животот во капитализмот на 21 век.
Сонот во својата длабока бескорисност и суштинска пасивност, со несогледливи загуби кои ги прави во производството, прометот и потрошувачката, секогаш ќе се судира со барањата на 24 часовниот универзум. Огромен дел од животот кој го поминуваме спиејќи, лишени од стимулирани потреби, опстанува како една од големите човечки навреди за алчноста на современиот капитализам. Многу човечки животни потреби, глад, жед, сексуална желба, а од неодамна и потребата за пријателство се претворени во комодификуван или финансијализиран облик. Спиењето претставува човечка потреба и временски интервал кој не може да се искористи за извлекување на профит и сеуште е неподесена аномалија во глобалната сегашност. Наспроти сите научни истражувања, спиењето фрустрира и ја осуетува секоја стратегија која се обидува да го искористи или модифицира. Факт е дека од него ништо вредно не може да се извлече.
Неспоиво со продуктивноста
Не треба да не изненадува што денес спиењето еродира, имајќи ги предвид размерите на економскиот влог. Во текот на 20 век сонот постепено се нарушува – просечен полнолетен Американец сега спие околу 6,5 часа во една ноќ, што е редукција од 8 часа во претходната генерација (кон средината на 20 век поговорка беше дека третина од животот го преспиваме и беше аксиомски точна) и намалување во однос на 10 часа во почетокот на 20 век. Спиењето е потсетник на никогаш сосема надминатите предмодерности, на агрикултурниот универзум кој почнал да исчезнува пред 400 години. Скандалозното спиење е одраз на неодделеноста на нашиот живот од ритмичките осцилации на сончева светлина и во темница, активноста и одморот, работата и одморот, која во другите области е искоренета или неутрализирана.
До средината на 17 век сонот ја изгубил стабилната позиција во застарениот аристотеловска и ренесансна рамка. Неговата несповост со модерната продуктивност и рационалноста почна да се препознава па така Декарт, Хјум и Лок, меѓу другите, сметаа дека спиењето е ирелевантно за умствената работа или за учењето. Сонот бил обезвреднуван кога свеста и волјата, употребливоста, објективноста и дејноста во лична корист станале повластени. За Лок, спиењето претставувало жален прекин на божјиот план за човекот: да биде вреден и рационален. Во првиот пасус на Хјумовата Расправа за човечката природа, сонот е ставен заедно со нервозата и лудилото како пречка за учењето и знаењето. До средината на 19 век, асиметричниот однос меѓу сонот и будноста почнал да се концептуализира по хиерархиски модел во кој сонот се сваќа како регресија во пониска и примитивна состојба, каде наводно повисоката и посложената мозочна активност е спречена. Шопенхауер бил меѓу ретките мислители кога забележал дека само во сон можеме да ја најдеме вистинската срж на човековото постоење.
Во 19 век по најлошото злоставување на европските работници во текот на индустријализацијата, фабричките директори сватиле дека поисплатливо е да им овозможат на работниците скромни периоди на одмор за на подолго време да бидат поефикасни и одржливи производители, како што покажа Ансон Рабинах во своето истражување на науката и заморот. Но, до последната деценија на 20 век, со нарушување на контролираниот капитализам во Америка и Европа, исчезна интерната потреба за одмор и зајакнување како чинители на стопанскиот раст и профитабилност. Времето за човечки одмор и зајакнување станало прескапо за да биде структурно можно во рамки на современиот капитализам. Тереза Бренан измислила израз биодерегулација, да го опише бруталниот расчекор меѓу временското функционирање на дерегулираниот пазар и физичките ограничувања на луѓето од кои се бара да се прилагодад на неговите барања.
Падот на долгорочната вредност на живиот труд не дава никаков поттик одморот и здравјето да бидат приоритети, што можеше да се види во неодамнешните расправи за здравствено осигурување. Преостанатото е многу малку интерлудија на човековото постоење (со исклучок на спиењето) кои не се претворени во работно, потрошувачко или рекламно време. Во својата анализа на капитализмот, Лик Болтански и Ев Шјапело укажале на вреднувањето на поединецот кој постојано е ангажиран, интерактивен, кој дејствува, комуницира, одговара или обработува. Во побогатите делови на светот избришани се повеќе граници меѓу приватното и професионалното време, работата и потрошувачката. На најголема цена е активноста поради самата активност: Секогаш нешто да се работи, да се движи, менува – тоа го уважува престижот, за разлика од стабилноста, која често е синоним за неактивност. Ваквиот модел не е некоја трансформација на претходната работно-етичка парадигма, туку сосема нов модел кој бара 24 часовно 6 дневно време за своја реализација.
Ништо никогаш не се гаси целосно
Секако, луѓето и понатаму ќе спијат, па дури и најголемите метрополи ќе имаат ноќни интервали на релативно мирување. Меѓутоа, сонот сега е одвоен од потребите или природата. Наместо тоа, замислен е како променлива но контролирана функција која може да се дефинира инструментално и психолошки. Поновите истражувања покажуваат дека експоненцијално расте бројот на луѓето кои еднаш или повеќе пати се будат навечер да ги проверат своите пораки или податоци. Преовладувачката стилска фигура е машински термин за режим на спиење. Идејата за апарат во режимот на подготвеноста и малите потрошувачки ги претвора во поширока смисла за сонот во одложена или намалена состојба на оперативност и пристапност. Таа ја заменува логиката on/off, така ништо никогаш не е целосно исклучено и никогаш не постои вистинска состојба за одмор.
Како најголема преостаната пречка, последна од Марксовите природни бариери, за полно остварување на капитализмот според моделот 24-7, спиењето не може да се елиминира. Но, може да се украде, а методите и мотивите тоа да се постигне се многу присутни. Јавните простори се замислуваат така да одвраќаат од спиење, што често опфаќа назабена форма на клупа која го спречува телото да се навали.
Нападот на спиење не се одвојува од разградбата на социјалната заштита. Исто како што универзалниот пристап на вода за пиење е уништен со загадување и приватизација, монетизација на вода во шишиња, не е тешко да се предвиди слична конструкција на недостиг во домен на сонот. Сите напади на спиење создаваат инсомниски услови во кои сонот мора да се купува (иако купената стока е хемиски модифицирана состојба која е само апроксимација на сонот). Статистичките податоци за огромниот пораст на употребата на хипнотиката покажуваат дека во 2010 година околу 50 милиони Американци на рецепт добиле лекови како Амбиен или Лунесте, а милиони други купувале домашни препарати за спиење. Би било погрешно да се замисли ублажување на сегашните услови кои на луѓето ќе им овозможи да спијат цврсто и да се разбудат наспани. Дури и помалку угнетувачкиот организиран свет веројатно не би ја елиминирал несоницата. Историското значење на неспиењето сега е неодделно од многу други форми на крадење и социјално уништување на глобален план.
Една од многуте причини зошто човечките култури долго го поврзувале сонот со смртта е што и едната и другата состојба откриваат континуитет на светот во наше отсуство. Меѓутоа, единствено привремено отсуство на спијачот подразбира алка за иднината, со можност за обнова и слобода. Тоа е интервал кога дел од непроживеаниот или одложен живот може да се пробие до свеста. Ноќната надеж во несвесна состојба на длабок сон претставува очекување на будење кое може да донесе нешто непредвидливо. Во Европа по 1815 година во текот на неколку децении контрареволуции, пресврти и пад на надежите, имало уметници и поети кои претчувствувале дека сонот не мора да биде избегнување или бегање од историјата. Шели и Курбе сватиле дека сонот е само поинаква форма на историското време, дека неговото повлекување и наводната пасивност исто така опфаќаат немир за постоење, клучен за раѓање на поправедна и егалитарна иднина. Во 21 век, вознемирувањето на сонот претставува проблематичен однос кон иднината.
Сместен некаде на граница меѓу општественото и природното, сонот обезбедува присуство во светот на цикличните работни денови потребни за живот и неспоиви со капитализмот. Абнормалната упорност на сонот мора да се разбере во контекст на тековната деструкција на процеси кои одржуваат егзистенција на планетата. Бидејќи капитализмот не може да се ограничи самиот, идејата за зачувување или конверзација е невозможна. Меѓутоа, ресторативната инертност на сонот претставува противтежа на смртноста на сите акумулации, финансијализации и трошоци кои ги девастирале поранешните заеднички добра.
Сега всушност постои само еден сон, кој ги потиснува сите други: тоа е сон за заеднички свет чија судбина не е терминална, свет без милијардери, со иднина која не е варварска или постхумана, во која историјата може да има некоја друга форма освен кошмари за катастрофи. Можно е во многу различни места, во сите различни состојби, вклучувајќи ги и дремката и сонувањето, замислувањето на иднината без капитализам почнува со сон за спиење. Тоа би било наговестување на сонот како радикален прекин, како одбивање на тежината на нашата глобална сегашност, сон кој може да почувствува некои форми на значајна обнова и почеток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


