Денеска на бензинската пумпа на ТДПУ„Трго Тим“ во Куманово, две непознати лица маскирани и вооружени со пиштол, извршиле разбојништво над вработениот при што од каса одзеле 1000 денари.
Сторителите влегле внатре физички го нападнале вработениот, при што му нанеле телесни повреди, а потоа испукале во воздух еден куршум од гасен пиштол, ги одзеле парите и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


