Нема жртви, ниту повредени во пожарот во кој речиси целосно изгоре стара куќа во центарот на Штип, лоцирана на местото познато како ,,Кај Огледалото“.
Екипи на Штипската противпожарна единица со четири противпожарни коли цела ноќ се бореа со огнената стихија која се закануваше да ги зафати и околните куќи, но и трафостаницата во непосредна близина на куќата. Сопственикот на куќата 74 годишниот М.Н навреме бил извлечен од куќата благодарение на неговите соседи, пренесува „Канал 77“.
Надлежните ја испитуваат причината за пожарот. Неофицијално се зборува дека станува збор за подметнат пожар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


