Несреќата на малезискиот авион кој беше соборен над Украина однесе уште една жртва. 93 годишниот Холанѓанец починал од „неопишлива жал“ предизвикана од загинувањето на неговата ќерка единица, зетот и двете внучиња при падот на Боингот 777, објавило неговото семејство.
Хендрик Палм умрел скршен од болка поради смртта на ќерката Ерл, зетот Роб, внуката Мерел (17) и внукот Марко (12) пишува во посмртницат објавена во локалниот весник Де Стентор.
Во весникот е наведено и дека Палм кој живеел во градот Роде починал во вторникот , неколку дена по несреќата. Роднина на загинатата Ерл за локална телевизија изјавил дека таа највеќе се грижела за нејзиниот татко кој бил вдовец и немоќен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
(Вознемирувачка содржина) Нема преживеани лица во авионската несреќа во Индонезија
-
Ова е последната фотографија со другарките: Мина од својата моминска заминала директно во смрт
-
Бизнисмен и неговото семејство загинаа во авионска несреќа
-
Четворица загинаа во авионска несреќа во Брегот на Слоновата Коска



