| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: И полицајците ќе може да бираат кога ќе одат во пензија

Премиерот Никола Груевски најави дека полицајците како и сите останати вработени ќе имаат можност да го продолжат работниот стаж и да изберат кога ќе одат во пензија.

5000bina4

Груевски нагласи дека за полицијаците има специјален закон по кој заминуваат во пензија со 40 години работен стаж, од кои 30 се ефективни, а 10 се бенифициран стаж.

-Со дополнителните измени кои следуваат ќе се овозможи тие да заминуваат во пензија со 45 години стаж, вклучувајќи го и бенефицираниот и да може да бираат дали ќе одат во пензија со 40 или 45 години стаж, изјави Груевски, одогварајќи на прашање по пуштањето во употреба на повеќенаменското игралиште во населбата Триангла.

Тој посочи дека измените на законот се веќе поминати на Влада, а наскоро ќе бидат пуштени и во собраниска процедура. Давањето можност за зголемување на старосната граница за одење во пензија до три години, потенцираше Груевски, е чекор кон давање на повеќе права на работниците.

-Ние сме свесни дека во Македонија има многу работници кои би сакале да го продолжат работниот стаж од причина што се чувствуваат здравствено добро, а тоа им значи и финансиски и социјално. Од друа страна, свесни сме дека има дејности кои ги тераат вработените да се чувствуваат многу поисцрпено и поистрошено на навршетокот на нивната 62-ра, односно 64-та година, рече Груевски.

Тој посочи дека иокму затоа ја дале можноста оние што се со потешка работа да можат да заминат во пензија во 62-рата или 64-тата година, а оние кои не се чувствуваат потрошени да може да продолжат. Така ќе биде и во полицијата каде, исто така, има работни места кои повеќе или помалку исцрпуваат, појасни Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top