Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу изјави дека израелската Влада го одбила договорот за време на преговорите во Париз за еднонеделно примирје меѓу Хамас и Израел, јави ДПА.
Давутоглу, кој присуствуваше на преговорите изјави дека учесниците биле „многу блиску до постигнување на примирје, но Израел го отфрли предлогот во последната минута“.
Тој истакна дека ќе продолжат преговорите за постигнување на прекин на огнот.
– Турција ќе ги зголеми напорите за да биде постигнато примирје. Можам да им кажам на сите наши сојузници, дека Турција работи напорно за трајно примирје – посочи Давутоглу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



