| четврток, 6 декември 2018 |

Максим Мрвица Античкиот театар во Охрид го нарече грчки, па потоа се извини

maksim mrvica

Маестро Максим Мрвица, пијанистот кој вечерва гостуваше на „Охридско лето“ направи лапсус за кој подоцна се извини и доби громогалсен аплауз.

Мрвица, кој е еден од најпродаваните кросовер пијанисти во светот, вечерва изјави дека е многу среќен бидејќи е првпат во Македонија.

– Среќен сум што сум во Охрид и што настапувам во овој грчки амфитеатар – изјави „пијанистичкото чудо од Шибеник“, но потоа брзо се поправи, за што доби и аплауз од публиката која со големо интересирање го проследи неговиот настап.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top