| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски – Заев 7 : 1

СП 2014 поч­на и за­вр­ши. И кај нас, по­ли­ти­ча­ри­те прог­но­зи­раа ре­зул­та­ти и из­би­раа фа­во­ри­ти. Спор­тот и по­ли­ти­ка­та ни од­да­ле­ку не се исти или слич­ни, но прет­по­ста­вки­те за по­ли­тич­ко дејс­тву­ва­ње и про­гра­ми­те, ка­ко и при спорт­ска­та прог­но­за и игра, се ба­зи­ра­ат на оче­ку­ва­ња и на те­шки ана­ли­зи. Се­ле­кто­рот е нас­про­ти по­ли­тич­ки­от ли­дер, а две­те со­се­ма раз­лич­ни сфе­ри ги спо­ју­ва ед­на ра­бо­та – и ед­ни­от и дру­ги­от не сме­ат да би­дат по­не­се­ни од емо­ции. Во спро­тив­но, го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста да до­жи­ве­е­те не­ус­пех и срам. Се­ка­ко, ако го има­те...

Уште ед­на ра­бо­та во по­ли­ти­ка­та и во спор­тот е слич­на, ка­ко не­пи­ша­но пра­ви­ло – во слу­чај на по­раз и се­ле­кто­рот и ли­де­рот под­не­су­ва­ат оста­вка. Тре­не­рот, или во овој слу­чај се­ле­кто­рот, при ка­та­стро­фал­ни ре­зул­та­ти, до­кол­ку не под­не­се оста­вка, си­гур­но до­би­ва отказ од фе­де­ра­ци­ја­та. По­ли­тич­ки­от ли­дер, пак, во слу­чај на де­бакл, а во све­тот за ка­ков би­ло из­бо­рен по­раз, под­не­су­ва оста­вка до­кол­ку е доб­ле­сен, до­кол­ку не, пак, ка­ко кај нас, фин­ги­ра кри­за и оста­ну­ва на по­зи­ци­ја­та. Во пр­ви­от слу­чај – ре­пре­зен­та­ци­ја­та оди на­та­му со мо­ти­ви за нов тро­феј, во вто­ри­от др­жа­ва­та гу­би ста­ра пре­по­ра­ка…

Ед­на ста­ра ви­сти­на ве­ли де­ка и во спор­тот и во по­ли­ти­ка­та по­бед­ни­ци­те ги кра­си ед­на иста осо­би­на – не по­пу­шта­ат и не от­ста­пу­ва­ат. Во спор­тот, пак, она што ги обе­ди­ну­ва на­ви­ва­чи­те е тоа што, ка­ко и ти­мо­ви­те и игра­чи­те, ги зна­ат и по­чи­ту­ва­ат пра­ви­ла­та на игра. Та­ка, ба­рем, би тре­ба­ло да би­де и во по­ли­ти­ка­та, но не и во ма­ке­дон­ска­та. Ма­ке­дон­ска­та уни­кат­ност во по­ли­тич­ка­та „игра“ и функ­ци­о­ни­ра­ње ја опре­де­лу­ва уште ед­на не­ве­ро­јат­ност – се­ка­де во све­тот пра­ви­ла­та ги пи­шу­ва­ат и одре­ду­ва­ат по­бед­ни­кот и мно­зинс­тво­то. Кај нас, пак, че­сто гу­бит­ни­кот е тој што, над­вор од си­те нор­ми, си зе­ма за пра­во да ус­ло­ву­ва и да ди­кти­ра пра­ви­ла.

Во спор­тот е јас­но де­фи­ни­ра­но што мо­же­те да пра­ви­те со фуд­бал­ска­та топ­ка, но и тоа са­мо по свир­ка­та на су­ди­ја­та. Опре­де­ле­но е ка­ко и со кои де­ло­ви на те­ло­то сме­е­те да ја до­пре­те, но и до ка­де и на кој дел од те­ре­нот мо­же­те да оди­те со неа. По­ли­тич­ки­от ег­зи­би­ци­о­ни­зам, пак, кај нас не­ма пра­ви­ла на од­не­су­ва­ње, нив од миг во миг си ги смис­лу­ва и ме­ну­ва се­кој ка­ко што са­ка и ка­ко што му од­го­ва­ра, а се игра со гла­со­ви­те на гра­ѓа­ни­те. Ве­лат де­ка топ­ка­та е тр­ка­лез­на, а кај нас, очиг­лед­но, не­кој на ист на­чин ги гле­да и гла­са­чи­те, но не од ас­пект на не­пред­вид­ли­во­ста, ту­ку, на­про­тив, во служ­ба на поз­на­та­та опо­зи­ци­ска кон­ста­та­ци­ја и на­вре­да – нив се­кој мо­же да ги свр­ти, об­ли­ку­ва и на­ме­сти ка­ко што са­ка.

Опо­зи­ци­ја­та одам­на е фа­те­на во „офсајд“, но и на­та­му без проб­лем и ка­ква и да е гри­жа на со­ве­ста оста­ну­ва во не­доз­во­ле­на­та по­зи­ци­ја или, во овој слу­чај, над­вор од пар­ла­мен­тот. Нат­пре­ва­рот за­вр­ши пред по­ве­ќе од два ме­се­ца, но тие и на­та­му се во офсајд иа­ко за чи­нот до­би­ја не­кол­ку цр­ве­ни кар­то­ни од су­ди­ја­та пер­со­ни­фи­ци­ран во ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца. Гра­ѓа­ни­те, пак, го сто­ри­ја тоа пред 80 де­на…

До­кол­ку не се по­ја­ви­те на нат­пре­вар, без со­од­вет­но и сил­но оправ­ду­ва­ње за отсус­тво­то, гу­би­те 3:0 служ­бе­но, а ако на кра­јот на ме­чот не го приз­на­е­те ре­зул­та­тот, кој е 481.615 нас­пре­ма 283.955, си­гур­но де­ка не ви бе­га дис­цип­лин­ска мер­ка од фе­де­ра­ци­ја­та или во овој слу­чај од ЕУ и САД.

Проб­ле­мот е уште по­го­лем до­кол­ку на дру­ги­от ре­чи­си па­ра­ле­лен нат­пре­вар гу­би­те два­па­ти по ред, и во пр­ви­от и во вто­ри­от круг или по­лу­вре­ме, за да за­вр­ши­те со 534.910 нас­пре­ма 399.077. Де­бакл, пак, не­за­вис­но да­ли е во спо­рот, во по­ли­ти­ка или би­ло тоа во џам­лии и кри­ен­ка, е да за­гу­би­те 9 па­ти по ред, и тоа во пер­и­од од са­мо 8 го­ди­ни – од 2006 го­ди­на до 2014 го­ди­на. Ви­стин­ски­от проб­лем на­ста­ну­ва ко­га ве­ќе не зна­е­те ка­ко да по­бе­ди­те, па про­тив си­те поз­на­ти пра­ви­ла на по­ли­тич­ка игра, ба­шка во не­доз­во­ле­на си­ту­а­ци­ја, со ка­та­стро­фа­лен ре­зул­тат ба­ра­те 3:0 служ­бе­но, а не на­ве­ду­ва­те ни­ту еден ви­стин­ски ар­гу­мент (при­го­вор на из­бо­ри) зо­што го зас­лу­жу­ва­те тоа. И по­втор­но, ви­но­вен ви е су­ди­ја­та кој не го ви­дел не­по­стој­ни­от фа­ул, кој вие во офсајд сте го одг­лу­ми­ле во шес­на­е­сет­ни­кот…

Ре­ди­ца­та по­ра­зи прет­по­чи­та и на­ла­га про­ме­на на се­ле­кто­рот, но си­гур­но не по це­ли се­дум по­ра­зи и исто тол­ку го­ди­ни ма­че­ње и леб­де­ње на по­ли­тич­ка­та сце­на, а ни­ка­ко со не­кој кој имал да­ле­ку по­мал реј­тинг и до­вер­ба од прет­ход­ни­кот. Во ти­мот кој по­сто­ја­но гу­би се ме­ну­ва­ат и та­кти­ка­та и мно­гу игра­чи, а сѐ поч­ну­ва од тре­не­рот и од не­го­ви­от по­мош­ник…

 

Analiza98-1 Analiza98-2

 

Aleksandar-Pandov-analizaПан­дов: Бра­зил не­ма да ба­ра да би­де „тех­нич­ки“ шам­пи­он

Пред по­че­то­кот на ово­го­диш­но­то Свет­ско пр­венс­тво ги пра­шав­ме ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри за ко­го ќе на­ви­ва­ат и кој е нив­ни­от фа­во­рит. Гру­ев­ски ја од­бра Гер­ма­ни­ја, а ка­ко фа­во­рит број два Ар­ген­ти­на. За­ев, пак, це­лос­но го фа­во­ри­зи­ра­ше Бра­зил.

Но­ва, то­тал­на утка на опо­зи­ци­ски­от ли­дер, па ма­кар и во спорт­ска прог­но­за. Овој­пат, тој игра­ше на „си­гур­но“ – Бра­зил бе­ше до­ма­ќин, мно­гу­ми­на алу­ди­раа на не­го­ва ти­ту­ла, но ба­ди­ја­ла.

По­ли­ти­ка­та и спор­тот, мо­же­би, не се спо­ју­ва­ат, но кол­ку тоа, на ше­га или не, збо­ру­ва за спо­соб­но­ста за ка­ква и да е про­це­на?

Пред не­кое вре­ме, СДСМ оче­ку­ва­ше и сил­на под­др­шка од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца во од­нос на од­лу­ка­та за не­приз­на­ва­ње на из­бо­ри­те, но тоа не се слу­чи ни од­да­ле­ку. На­про­тив, два­та цен­три на моќ им ис­пра­ти­ја јас­на по­ра­ка. Пр­во, Бри­сел пре­ку Фи­ле и сред­ба­та на не­го­во ба­ра­ње, чи­ја по­ен­та чел­ни­ци­те од Би­ха­ќка не­ус­пеш­но ја пре­мол­чеа, а по­тоа и Ва­шин­гтон пре­ку Ви­кто­ри­ја Ну­ланд, ко­ја му­дро ги од­бег­на пра­ша­ња­та за не­ка­ква си по­ли­тич­ка кри­за од „по­доб­ни­те“ но­ви­на­ри, а не­ма­ше ни­ту сред­ба со опо­зи­ци­ја­та. Би рек­ле – ко­га не оди, не оди ни­што. По ед­на утка сле­ду­ва­ше дру­га, па тре­та…

„Ре­пуб­ли­ка“ ги ста­ви во не­во­о­би­ча­е­на по­зи­ци­ја по­ли­тич­ки­те ана­ли­ти­ча­ри и од нив по­ба­ра ком­па­ра­ци­ја ме­ѓу спорт­ска­та прог­но­за и по­ли­тич­ко­то дејс­тву­ва­ње. За Але­ксан­дар Пан­дов, нај­го­ле­ма гре­шка на об­ло­жу­ва­чи­те и на по­ли­ти­ча­ри­те е да би­дат по­не­се­ни од емо­ции во сво­и­те од­лу­ки, би­ло тоа при влог или во по­ли­тич­ка од­лу­ка. И кај две­те, раз­лич­ни гру­пи дејс­тву­ва­ње­то тре­ба да се ба­зи­ра на ана­ли­за, мно­гу ра­бо­та и на до­бра ста­ти­сти­ка. За сре­ќа на об­ло­жу­вал­ни­ци­те, ре­тки се та­кви­те игра­чи на спорт­ска, а кај нас че­сти се и по­ли­ти­ча­ри­те што, ка­ко по пра­ви­ло, ка­жа­но со спорт­ски во­ка­бу­лар, по­сто­ја­но по­го­ду­ва­ат ста­ти­ва.

Пан­дов: Не­кол­ку го­ди­ни имам ра­бо­те­но во спорт­ска об­ло­жу­вал­ни­ца, па иа­ко не сум играч, спорт­ско­то прог­но­зи­ра­ње го раз­би­рам до­бро. Се сог­ла­су­вам со те­бе де­ка по­ли­ти­ка­та не е иста со спорт­ско­то прог­но­зи­ра­ње, но, се­ка­ко, де­ка има­ат и слич­но­сти. Име­но, се­кој до­бар играч, ка­ко и по­ли­ти­ча­рот, пред да до­не­се ко­неч­на од­лу­ка прет­ход­но тре­ба да на­пра­ви до­бра ана­ли­за на ти­мот поч­ну­вај­ќи од ме­на­џе­рот, па пре­ку игра­чи­те, па ка­ко играл ти­мот во из­ми­на­ти­от пер­и­од, кол­ка­ва е мо­ти­ви­ра­но­ста на ти­мот, за ка­ков тип нат­пре­ва­ру­ва­ње се ра­бо­ти, а се­ка­ко де­ка е по­треб­но да ги поз­на­ва и про­тив­нич­ки­от тим и не­го­ва­та под­го­тве­ност. Отка­ко си­те тие ра­бо­ти ќе се об­мис­лат во за­вис­ност од по­ну­де­ни­от ко­е­фи­ци­ент, до­бри­от играч до­не­су­ва од­лу­ка кол­кав влог ќе ста­ви и на кој тим. Мно­гу е важ­но да спо­ме­нам де­ка до­бри­от играч ни­ко­гаш не игра со емо­ци­ја, не но­си од­лу­ки на „пр­ва“ и ни­ко­гаш не игра на тоа ка­ко тој би са­кал да би­де, ту­ку, ќе по­вто­рам, игра ка­ко број­ки­те и ста­ти­сти­ка­та го­во­рат де­ка ќе би­де! Пос­ле­ден, но мо­же­би и нај­ва­жен, е лич­но­то чув­ство на игра­чот! А, тоа, ед­но­став­но, го има­ат до­бри­те игра­чи. За сре­ќа на об­ло­жу­вал­ни­ци­те, са­мо мал дел од игра­чи­те се од та­ков ка­ли­бар.

Нај­го­лем дел од нив, ве­ли Пан­дов, сво­и­те од­лу­ки ги до­не­су­ва­ат спро­тив­но од на­пи­ша­но­то и нај­важ­но е што кај та­кви­от тип игра­чи об­ло­жу­вал­ни­ци­те мно­гу лес­но им го на­мет­ну­ва­ат сво­јот фа­во­рит, кој нор­мал­но мно­гу че­сто оста­ну­ва са­мо фа­во­рит на хар­ти­ја.

Пан­дов: Ако се­то тоа го пре­не­се­ме во по­ли­ти­ка­та, ќе се сог­ла­си­те со ме­не де­ка по­дед­на­кво исто мо­же­ме да срет­не­ме по­ли­ти­ча­ри кои пред да до­не­сат од­лу­ка, се­ри­оз­но ги ста­ва­ат на ма­са си­те ин­фор­ма­ции, слу­ша­ат и се кон­сул­ти­ра­ат, па отко­га ќе ги скло­пат си­те коц­ки во мо­за­и­кот и отко­га ќе има­ат јас­на сли­ка за на­ста­нот, ду­ри то­гаш до­не­су­ва­ат ко­неч­на од­лу­ка за по­ли­ти­ка­та што тре­ба да се при­ме­ни. Ова ва­жи за до­бри­те по­ли­ти­ча­ри! Но, и во по­ли­ти­ка­та има по­ли­ти­ча­ри што сво­и­те од­лу­ки ги до­не­су­ва­ат „на пр­ва“, кои се ра­ко­во­дат по­не­се­ни од нив­на­та емо­тив­на со­стој­ба, по­ли­ти­ча­ри кај кои лес­но мо­же да се под­мет­не по­греш­на по­ли­ти­ка од стра­на на ор­га­ни­за­ции на кои тоа им од­го­ва­ра.

От­ту­ка, ме­не во­оп­што не ме чу­ди што гос­по­ди­нот Ни­ко­ла Гру­ев­ски точ­но ги по­го­ди и фи­нал­ни­те две ре­пре­зен­та­ции и по­бед­ни­кот на СП. Од дру­га стра­на, гос­по­ди­нот Зо­ран За­ев, ка­ко и во по­ли­ти­ка­та, по­втор­но по­го­ди ста­ти­ва. Или и овој пат бе­ше до су­ди­и­те, па Бра­зил­ци­те не­ма да им ја приз­на­ва­ат осво­е­на­та ти­ту­ла на Гер­ман­ци­те и ќе ба­ра­ат од гос­по­ди­нот Сеп Бла­тер „тех­нич­ки“ тие да би­дат шам­пи­о­ни!?

 

Ivanka-Dodovska-analiza2До­дов­ска: СП во Бра­зил ги ре­ла­кси­ра­ше по­ли­тич­ки­те од­но­си во Ма­ке­до­ни­ја

По­ба­рав­ме и жен­ски ас­пект на при­каз­на­та. Раз­бир­ли­во и оче­ку­ва­но, тој е спро­ти­вен од ма­шки­от, осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за фуд­ба­лот.

Спо­ред до­цент д-р Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет во Скоп­је, не би мо­же­ло да се на­пра­ви ко­ре­ла­ци­ја ме­ѓу из­бо­рот на фуд­бал­ски фа­во­рит и по­ли­ти­ка­та на вла­ста и на опо­зи­ци­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја. Прем­но­гу би­ло ин­ди­ви­ду­ал­но чув­ство­то на да­ва­ње до­вер­ба на фуд­бал­ски­от фа­во­рит, раз­лич­но од она на по­ли­ти­ча­рот. Таа ве­ли де­ка ако трг­не­ме од ге­не­рал­на­та рам­ка ко­ја се од­не­су­ва на уло­га­та на спор­тот во со­вре­ме­ни­от ци­ви­ли­за­ци­ски жи­вот, со­се­ма е очиг­лед­на кон­ста­та­ци­ја­та де­ка спор­тот и спорт­ски­те актив­но­сти за­зе­ма­ат сѐ поз­на­чај­но ме­сто во оп­штес­тве­ни­от жи­вот на чо­ве­кот. Во тој кон­текст, и фуд­ба­лот де­фи­ни­ран ка­ко најз­на­чај­на­та спо­ред­на ра­бо­та на све­тот, ве­ли До­дов­ска, прет­ста­ву­ва аре­на на ко­ја се­кој по­е­ди­нец го про­ду­ци­ра сво­јот став и сопс­тве­ни­от израз за тоа кој е не­го­ви­от фуд­бал­ски фа­во­рит, кој фуд­бал­ски амб­лем му е најб­ли­зок, ка­ко и за тоа ка­ква ќе би­де прет­стој­на­та фуд­бал­ска се­зо­на.

До­дов­ска: За­тоа, со­се­ма е јас­но де­ка за љу­би­те­ли­те на спорт­ски­те на­ста­ни, ед­на од по­важ­ни­те ра­бо­ти е, се­ка­ко, спорт­ска­та прог­но­за. Тоа до­а­ѓа од фун­да­мен­тал­на­та по­тре­ба, пр­во, да се иска­же под­др­шка­та за сво­јот фа­во­рит и, вто­ро, да се по­се­ду­ва ин­те­рес при кон­ти­ну­и­ра­но­то сле­де­ње на фуд­бал­ски­те спе­ктак­ли со кои би се прет­по­ста­ви­ле шан­си­те во кои „тој и тој“ фуд­бал­ски тим има „тол­ку и та­кви“ ус­ло­ви за да ги ис­пол­ни оче­ку­ва­ња­та на љу­би­те­ли­те на фуд­ба­лот.

От­та­му, ве­ли До­дов­ска, трг­ну­вај­ќи од фа­ктот де­ка ма­шки­от пол иск­лу­чи­тел­но до­ми­ни­ра на врв­ни­те по­зи­ции на ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка сце­на, не из­не­на­ду­ва го­ле­ми­от ин­те­рес кај ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри за Свет­ско­то фуд­бал­ско пр­венс­тво во Бра­зил.

До­дов­ска: Во кон­текст на ва­ше­то пра­ша­ње, спо­ред ме­не, не би мо­же­ло да се на­пра­ви спо­ред­ба ме­ѓу јав­на­та по­ли­ти­ка на вла­ста и на опо­зи­ци­ја­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со нив­ни­те прог­но­зи за се­га ве­ќе за­вр­ше­но­то Свет­ско фуд­бал­ско пр­венс­тво во Бра­зил. Ов­де има­ме при­мер за раз­лич­ни гле­ди­шта ме­ѓу на­ши­те по­ли­ти­ча­ри во од­нос на фуд­бал­ски­те фа­во­ри­ти за кои, прет­по­ста­ву­вам, се­кој по­е­ди­неч­но би мо­жел те­мел­но и на ши­ро­ко да ни образ­ло­жу­ва. Она што ме­не ми оста­ви впе­ча­ток е де­ка во из­ми­на­ти­ов пер­и­од овој свет­ски фуд­бал­ски на­стан има­ше по­зи­тив­но вли­ја­ние во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка и вли­ја­е­ше на ре­ла­кси­ра­ње во ме­ѓу­себ­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја во на­ша­та др­жа­ва, што е знак де­ка и на­ши­те по­ли­ти­ча­ри се лу­ѓе од крв и ме­со и де­ка и на нив вли­јае фуд­бал­ска­та еу­фо­ри­ја, ко­ја е по­те­шко раз­бир­ли­ва за нас же­ни­те.

 

Ре­чи­си иден­тич­ни ре­зул­та­ти на ан­ке­ти­те, прог­но­зи­те и на оно­ма­сти­ка­та

Нес­пор­но е де­ка фуд­бал­ски­те фа­во­ри­ти се лич­на опре­дел­ба, ко­ја во­оп­што не за­ви­си од пар­ти­ска­та опре­дел­ба. До­каз за тоа е фа­ктот што за Анг­ли­ја на­ви­ваа ми­ни­стер­ка­та Гор­да­на Јан­ку­лов­ска и гра­до­на­чал­ни­кот Ан­дреј Жер­нов­ски, а на Ита­ли­ја ти­пу­ваа Ја­ни Ма­кра­ду­ли и Ели­за­бе­та Кан­че­ва-Ми­лев­ска.

Се­пак, ин­те­рес­на е игра­та и по­вто­ру­ва­ње­то на број­ки­те око­лу ед­ни исти ли­ца во со­се­ма раз­лич­ни сфе­ри, осо­бе­но ко­га се ра­бо­ти за ли­де­ри­те на вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја и на опо­зи­ци­ја­та.

Пред СП 2014, Гру­ев­ски ти­пу­ва­ше на Гер­ма­ни­ја, а За­ев на Бра­зил. Ре­зул­та­тот на нив­ни­от ду­ел бе­ше 7:1.

Мал­ку пред СП 2014 со ан­ке­та из­ле­зе аме­ри­кан­ска­та ИРИ. Ре­зул­та­тот во од­нос на до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во ли­де­ри­те бе­ше 25% за Гру­ев­ски и 3% за За­ев, или по­ве­ќе од 8:1.
Раз­ли­ка­та се зго­ле­му­ва на по­ле­то на оно­ма­сти­ка­та. Спо­ред по­да­то­ци­те на Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, во Ма­ке­до­ни­ја пре­зи­ме­то Гру­ев­ски го но­сат 396 ма­шки ли­ца, а За­ев 41 ли­це, што до­ве­ду­ва до ре­зул­тат по­го­лем од 9:1.

Ка­жа­но со спорт­ски жар­гон, не­кој ед­но­став­но не знае или не са­ка да пре­ста­не да гу­би, до­кол­ку е ова вто­ро­то, пси­хо­ло­шки­от во­ка­бу­лар го опи­шу­ва со збо­рот ма­зо­хи­зам, во овој слу­чај по­ли­тич­ки…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 98. број на неделникот „Република“, 18.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top