| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го победите хроничниот замор

замор

Милиони луѓе секојдневно се жалат на хроничен замор, а повеќето го поврзуваат ова со напорната работа и недостатокот на време.

Обрнете внимание на исхраната

Зошто после оброк од тестенини или кинеска храна одеднаш се чувствувате омлитавено и поспано, a недоволното пиење вода предизвикува заборавеност и збунетост?

Доручкувајте

Дури и кога не чувствувате глад, бидејќи после доручекот ќе се чувствувате многу поенергично.

Јадете на секои три до четири часа

Консумацијата на три главни оброци и два помали во текот на денот ќе го задржат нивото на шеќерот во крвта и нивото на енергија стабилни преку целиот ден. Зајакнете го мозокот со омега-3 масните киселини

Пијте доволно течност

И најмала дехидрираност може да предизвика засилена работа на срцето за крвта да стигне до клетките и органите, што може да предизвика замор.

Внимавајте на внесувањето на кофеин во попладневните часови

Консумацијата на умерена количина кофеин, околу 200-300 милиграми, што е количина која се наоѓа во две до три шолји кафе, може да ве направи енергични и будни во попладневните часови.

По осум часот навечер, изгаснете ги телевизорот и компјутерот

Светлината која ја емитираат екраните му смета на сонот, а поради лачењето на хормонот мелатонин мозокот ќе мисли дека уште е ден и никако ќе не може да заспиете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top