| четврток, 6 декември 2018 |

Зеленилото во Аеродром ќе се наводнува со автоматски систем

voda

Зеленилото во Oпштина Аеродром ќе се наводнува со техничка вода со околу 1500 прскалки кои ќе црпат вода од бунарите за наводнување.

Изградбата на автоматски систем за наводнување на зеленилото во населбата Јане Сандански во Аеродром денеска ја најавија гарадоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

– Се работи за површина од 13 хектари и се протега од булеварот„ Србија“, па сѐ до ОУ„Ѓорѓија Пулевски“, Општина Аеродром имплементира автоматски систем за наводнување на зеленилото. Целата ни е зеленилото во општината да биде во добра состојба и постојано да биде свежо и на тој начин практично ќе претставува една убава слика за нашата општина – истакна Коневски.

voda 2

Коневски потенцираше дека интенција на Општина Аеродром е до крајот на 2017 година сите зелени површини што се во општината целосно да бидат покриени со автоматски систем за наводнување .

– Очекувам овој проект да го реализираме до крајот на септември, а целокупната инвестиција чини 7 милиони денари, средства кои се од буџетот на општина Аеродром – истакна Коневски.

Градоначалникот Трајновски ја поздрави иницијативата на Општина Аеродром и образложи дека со овој систем ќе се овозможи во текот на целата година површините да бидат зелени независно од временските услови.

– Сметам дека ова навистина е позитивна иницијатива која ја поздравува Градот Скопје и е во прилог на зеленилото и екологијата – истакна Трајановски.

Трајновски апелираше до граѓаните да не ги крадат прскалките и вентилите, кои се многу скапи и тешко се набавуваат.

Овој систем за наводнување натаму ќе го преземе и ќе го одржува ЈП „Паркови и зеленило“.

– Општината Аеродром е една од ретките општини во градот Скопје која има изведено 17 бунари каде што целокупното зеленило се полева со техничка вода и сакам да потенцирам дека општина Аеродром, општина Карпош и Градскиот парк не користат од водата за пиење за полевање на зеленилото туку се користи исклучиво техничка вода – образложи директорот на  ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top