На Корејскиот Pолуостров трите најтопли денови во годината се викаат „самбок“. Самбок корејскиот полуостров најчесто го посетува кон средината на јули и тоа е време кога Корејците на разни начини се обидуваат да ја вратат енергијата во нивните исцрпени тела по пат на храна, а на мени се не само месо од пиле и зајак, кои се меѓу најпопуларната храна за враќање на енергијата во Кореја.
Како во Јужна, така и во Северна Кореја, освен популарната самгиетанг супа од пилешко и гинсенг, во последно време популарни се специјалитети направени од „најдобариот пријател на човекот“.
Во 2013 година, Централната корејска новинска агенција објави текст под наслов „Три најврели денови во летото и храна за ревитализација“ во Северна Кореја, а меѓу понудената храна се најде и храната направена од кучешко месо.
Во 2005 година во еден напис е препорачано консумирање супа од куче која го зголемува имунитетот и спасува од жештините, а освен што можете да ја изедете препорачуваат во неа да си ги „киснете“ и нозете..
И покрај тоа, најпопуларната хрна за ревитализирање и понатаму е пилешка супа, но различни региони имаат различни обичаи.
Консумирање на кучешко месо во Северна Кореа е сѐ попопуларно, па така низ Пјногјанг има сѐ повеќе ресторани кои послужуваат кучешка супа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.