| четврток, 6 декември 2018 |

Корејците за спас од жештините конзумираат месо од куче

kucesko meso

На Корејскиот Pолуостров трите најтопли денови во годината се викаат „самбок“. Самбок корејскиот полуостров најчесто го посетува кон средината на јули и тоа е време кога Корејците на разни начини се обидуваат да ја вратат енергијата во нивните исцрпени тела по пат на храна, а на мени се не само месо од пиле и зајак, кои се меѓу најпопуларната храна за враќање на енергијата во Кореја.

Како во Јужна, така и во Северна Кореја, освен популарната самгиетанг супа од пилешко и гинсенг, во последно време популарни се специјалитети направени од „најдобариот пријател на човекот“.

Во 2013 година, Централната корејска новинска агенција објави текст под наслов „Три најврели денови во летото и храна за ревитализација“ во Северна Кореја, а меѓу понудената храна се најде и храната направена од кучешко месо.

Во 2005 година во еден напис е препорачано консумирање супа од куче која го зголемува имунитетот и спасува од жештините, а освен што можете да ја изедете препорачуваат во неа да си ги „киснете“ и нозете..

И покрај тоа, најпопуларната хрна за ревитализирање и понатаму е пилешка супа, но различни региони имаат различни обичаи.

Консумирање на кучешко месо во Северна Кореа е сѐ попопуларно, па така низ Пјногјанг има сѐ повеќе ресторани кои послужуваат кучешка супа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top