| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно девојче е силувано и обесено на дрво во источна Индија

Седумгодишно девојче е силувано и обесено на дрво во источна Индија, објави локалната полиција. Локалното селско населени во сојузната индиска држава Западен Бенгал по откривањето на грозоморниот чин го линчувале мажот осомничен за злосторството и ги претепале двајцата мажи кои ги сметале за негови помагачи.

Според локалното население, девојченцето исчезнало во средата навечер и била пронајдена рано наутро во четвртокот како виси на стебло, изјавил началникот на локалната полиција С.К.Јан .

„Таткото на девојченцето тврдеше дека е силувана и обесена. Го истражуваме случајот и ќе биде извршена обдукција“, додал.

Јавноста во Индија постојано го искажува својот гнев при честите случаи на силувања, како и другите брутални злосторства кон жените последните неколку месеци. Кон крајот на мај две тинејџерки беа групно силувани и, исто така, обесени на дрво, во северната сојузна држава Утар Прадеш.

Во уште еден сличен случај за кој извести во четвртокот националната телевизија NDTV висок полициски функционер е уапсен под обвинение за силување под обвинение кое против него го поднела манекенка од индиската финансиска престолнина Мумбаи.

Индиската јавноста е многу чувствителна на сексуалните напади по планираното групно силување и брутално убиство на една студентка во главниот град Њу Делхи во декември 2012 година.

Тогаш низ Индија избувнаа жестоки протести во кои имаше и судири со полицијата, по што владата донесе прописи за побрз кривичен прогон во случаите на насилство над жените. Меѓутоа, силувањата не престанаа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top