| четврток, 6 декември 2018 |

Турција спречи напад врз конзулатот на САД

turska-policijaТурските сили за безбедност конфискувале експлозиви и планови на американскиот Конзулат во Истанбул, синагога и црква од неодамнешна акција против осомничени членови на Ал Каеда во неколку турски градови, објави Хуриет.

Полициски сили во западната провинција Текирдаг и Истанбул соработувале во рамки на операција во која се приведени 11 луѓе и одземени 25 кг. пластичен експлозив, пет пиштоли и неколку УСБ, компакт-дискови и механизми за активирање експлозивни направи од далечина.

Полицијата одзела и нацрт-планови за американскиот Конзулат во Истанбул како и планови и фотографии на синагога и црква во Истанбул. Спроед туски медиуми, осомничените планирале напади врз американскиот Конзулат со експлозивите што ги одбиле пред десетина дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top