| четврток, 6 декември 2018 |

51 Французин, 27 Буркинци, осуммина Либанци, петмина Канаѓани – кој се беше во авионот што се сруши

alzir avion

Во авионската катастрофа што се случи изутринава во Мали, меѓу 110 патници на авионот се наоѓале и најмалку 51 француски државјанин, јави дописникот на МИА од Париз.

Француските власти, за разлика од алжирските и малиските до моментов не ја имаа потврдено веста за падот на авионот, но сепак на аеродромите Роаси-Шарл де Гол и Марсеј се создадени кризни штабови.

Местото каде се урнал авионот е зона на конфликт во регионот на Гао, но според француските експерти, вооружените групи во Мали не располагаат со оружје што може да погоди патнички авион кој лета на височина од 10.000 метри.

Во потрагата на остатоците на авионот се вклучени и два француски авиони од типот Мираж 2000, соопшти генералштабот на француската армија. Тие го следат патот на летот на авионот и промената во маршутата.

Францускиот претседател Франсоа Оланд кој требаше да замине во посета на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан го одложи патувањето за неколку часа.

Патнички авион на авиокомпанијата „Ер Алжир“ со 110 патници и шест членови на екипажот се урна денеска за време на лет од престолнината на Буркина Фасо, Уагадугу кон алжирскиот главен град Алжир.

Командантот на мисијата на ОН за стабилизација на Мали, генерал Коко Есиен, соопшти дека авионот се урнал во централниот дел на Мали, со што ги демантираше претходните информации дека трагедијата се случила во Нигер, јави ДПА. – Авионот се урнал во регионот меѓу Гао и Тесалит, изјави  Есиен.

Француската телевизија Бе-Еф-Ем, повикувајќи се на информации од францускиот мировен корпус во Мали, јави дека авионот се урнал близу селото Тилмизи, на 70 километри од малискиот град Гао.

Министерот за транспорт на Буркина Фасо, Жан Бертен Ведраго соопшти дека авионот во 01:38 часот по Гринич побарал промена на курсот поради невреме во регионот. Врската со авионот била загубена во 01:55 часот по Гринич, околу 50 минути по неговото полетување.

Ведраго информира дека меѓу 110-те патници имало 51 Французин, 27 Буркинци, осуммина Либанци, петмина Канаѓани, шестмина Алжирци, четвoрица Германци, двајца Луксембуржани и по еден Швајцарец, Белгиец, Нигериец, Египќанец, Украинец, Камерунец и Малиец.

Леталото „Мекдонел Даглас МД-80“ било сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но било земено под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“, па шестмината членови на екипажот на авионот биле државјани на Шпанија.

Се претпоставува дека падот на авионот не го преживеал ниту еден од 116-те патници или членови на екипажот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top