| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во Крушево: Гратис летање со параглајдер

paraglajder

Гостите кои в недела, на 27 јули ќе присустуваат на промотивниот ден „Откриј го Крушево“ ќе добијат гратис летање со параглајдер.

За време на настанот ќе биде организирана богата наградна игра во која најсреќните гости на манифестацијата ќе може да освојат летања со параглајдер, викенди или вечери за двајца во неповторливиот амбиент на градот. Билетите за учество во наградната игра може да се купат преку продажната мрежа „Kупи карти за сѐ“ или електронски преку веб-страницата www.kupikartizase.com.

Овој оригинален настан е во организација на Центарот за развој на пелагонискиот регион, Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од „Kарана корпорација“, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ и Општина Kрушево. Целта е да се промовира комплетната туристичка понуда на градот на македонското востание и да се претстават сите негови туристички потенцијали пред домашните и странските туристи.

Богатата гурманска понуда започнува со крушевски чомлек, што во текот на денот ќе го служат сите угостителски објекти во градот. На плоштадот Никола Мартиновски ќе се одржи дегустација на здрава крушевска храна, а во куќата на семејството Ѓорчевски ќе се служат пита, готови јадења и ќе се везе. Гостите ќе може да посетат леарница на оружје, стара бочварска работилница, како и Спомен-собата на Тоше Проески. За оние со авантуристички дух ќе има откривање на возбудливи велосипедски патеки околу Kрушево, како и тура до бачилата на коњ или со жичница. Музичките настапи во живо ќе се одржат на Мечкин Kамен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top