| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска: Обвинет таткото кој на детето му дал метадон

bebe

Сплитското општинско државно обвинителство подигна обвинение против маж кој во почетокот на годината, на седумесечната ќерка ѝ дал течен метадон, што предизвикало труење кај детето.

Метадонот го ставил во шишенцето со чај, така што девојчето испило неутврдена количина од пијалокот од кој потоа станала раздразлива и одбивала храна. Потоа почнала неправилно да диши и дури била и малаксана.

Родителите ја пренеле во болницата во Сплит, мајката не знаела што направил таткото тоа утро, а тој не им кажал на лекарите што сторил. Подоцна целата приказна ја раскажал на полицијата.

Откако лекарите во крвта и во урината на девојчето нашле траги на метадон, кој нејзиниот 31-годишен татко го користел за својата терапија за одвикнување, ѝ дале терапија и ѝ го спасиле животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top