| четврток, 6 декември 2018 |

Пред само година провокативна и разголена – денес мајка и домаќинка(ФОТО)

Сузана Гавазова пред само година дена важеше за една од најпровокативните пејачки на фолк естрадата, со многу секси фотосесии и разголени видеоспотови.

suzana gavazova

Се се промени откако ја запозна љубовта на својот живот.

gavazova_vencavka2

Македонската фолк пејачка периодов е во посета на родната Струмица, каде се подготува за нејзината тукашна свадба. Гавазова веќе извесен период живее во Шведска, каде веќе правеше венчавка со босанскиот бизнисмен Јасмин Курузовиќ, но на 8 август подготвува голема свадба во струмичкиот хотел „Сириус“.

Фолкерката го искористи одморот и за прошетка низ Скопје, заедно со сопругот, нивната неколку месечна ќеркичка Емили и Емил и Ервин, синовите од првиот брак на Јасмин.

gavazova

Триесет и пет годишната Гавазова, освен што ќе одмора и ќе се подготвува за свадбената веселба, деновиве сними видеоспот за една од песните од најновиот албум со староградски песни.

10389540_10152314679552523_2793007305819347460_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top