Сузана Гавазова пред само година дена важеше за една од најпровокативните пејачки на фолк естрадата, со многу секси фотосесии и разголени видеоспотови.
Се се промени откако ја запозна љубовта на својот живот.
Македонската фолк пејачка периодов е во посета на родната Струмица, каде се подготува за нејзината тукашна свадба. Гавазова веќе извесен период живее во Шведска, каде веќе правеше венчавка со босанскиот бизнисмен Јасмин Курузовиќ, но на 8 август подготвува голема свадба во струмичкиот хотел „Сириус“.
Фолкерката го искористи одморот и за прошетка низ Скопје, заедно со сопругот, нивната неколку месечна ќеркичка Емили и Емил и Ервин, синовите од првиот брак на Јасмин.
Триесет и пет годишната Гавазова, освен што ќе одмора и ќе се подготвува за свадбената веселба, деновиве сними видеоспот за една од песните од најновиот албум со староградски песни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.