| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Градежните работи на автопатот Миладиновци-Штип се одвиваат одлично

Премиерот Никола Груевски,  министерот  за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски извршија увид во градежните работи на автопатот Миладиновци -Штип (Гоце Делчев).

avtopat6

– Градежните работи се одвиваат одлично, за речиси пет месеци работа пробиени се 43 проценти од трасата на која во моментов работат 260 работници и 136 градежни машини. Кон крајот на август овие бројки ќе се дуплираат – истакна Груевски.

avtopat1

Тој посочи дека во моментов се градат три автопати, а вредноста на Миладиновци-Штип изнесува 206 милиони евра и истиот терба да биде готов за три години.

avtopat2

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

avtopat3

Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.

avtopat4

avtopat5

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top