| четврток, 6 декември 2018 |

Досега живеевме во 15-годишна пауза – пеколниот топлотен бран дури сега почнува

Сѐ до минатата година живеевме во пауза од порастот на температурите, што се случува природно и трае 15 години, а сега не очекува голем пораст, кој се должи на зголемувањето на стакленичките гасови, кои досега не го покажаа нивниот целосен деструктивен потенцијал, тврди Шон Ловџој, професор по физика на Универзитетот Мекгил.

Според неговото интервју во „Сајенс рекордер“, од 1992 до 1998 годин, глобалната температура растеше рапидно, а потоа застана на одредено ниво, сѐ до минатата година, кога започна нов период на промени.

Во меѓувреме, износот на јаглеродниот диоксид и другите стакленички гасови се зголемува, предупреди научникот.

Последната таква пауза била меѓу 1944 и 1976 година, а тоа природно ладење привремено го маскирал страшниот тренд на затоплување, кој сега нѐ очекува, вели Ловџој во студијата објавена во списанието „Геофизикл рисрч летерс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top