| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски на увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари посета и увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип.

Nikola Gruevski 01 (Custom)

Автопатот Миладиновци – Штип ќе биде со должина од 47 километри и ширина од 29 метри, со по две коловозни ленти во двата правци и една дополнителна лента за застанување. Долж автопатот предвидено е да се изградат 8 натпатници и 5 потпатници.

Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.

Новата автопатска делница Миладиновци – Штип е вредна 206 милиони евра. Изведувач на проектите е кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“ (Sinohydro Corporation Limited).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top