Путин уште еднаш го повика Западот да не се меша во внатрешните работи на Русија. Тој на седницата на Советот за безбедност рече дека треба да се преземат чекори за зајакнување на борбената готовност на земјата заради активностите на НАТО, како и мерките за заштита на економијата од надворешни закани.
– НАТО демонстративно го засили своето воено присуство на територијата на источноевропските земји, вклучувајќи ги и водите во Црното и Балтичкото Море, потенцира тој.
– Ќе реагираме адекватно и соодветно на приближувањето на воената инфраструктура на НАТО до нашите граници и нема да го дозволиме ширењето на глобална ПРО и трупањето на резерви од стратегискко високопрецизно оружје. Често пати ни велат дека системот за ПРО е одбранбен, а нема ништо такво. Тоа е напаѓачки систем, дел од напаѓачкиот систем за одбрана на САД, рече Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



