| четврток, 6 декември 2018 |

Топол културен бран: Во Крушево гостува Весна Петрушевска

vesna-petrusevska

Македонските граѓани и туристите што ќе ја посетат нашата земја ќе имаат можност да присуствуваат на повеќе од 160 настани во рамките на седмото издание на манифестацијата „Топол културен бран“, поддржана од Министерството за култура, што се одржува во два дела, и тоа од 20 до 31 јули и од 20 до 31 август.
Денеска во Крушево во 21 часот во Театарот во Крушево ќе се претстави македонската актерка и стендап-комичарка Весна Петрушевска.
На 24 јули, четврток во 20 часот во Домот на културата во општина Делчево ќе се одржи вечер на македонска серенада, на која ќе бидат презентирани изворни староградски песни. Истиот ден во 20 часот во мултимедијалниот центар во Кратово  пред граѓаните на општина Кратово ќе биде прикажана една од најизведуваните театарски претстави „Ни ваму ни таму“ во режија на Симеон Дамевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top