| четврток, 6 декември 2018 |

Стружанец тргнал за Виена со 1,7 килограми марихуана залепена на стомак

19 годишен стружанец е уапсен вчера околу 16.30 часот на магистралниот пат Охрид -Струга во обид со автобус да пренесе 1,7 килограми марихуана во Австрија.

Шверцерот од струшко Богојци Б.Б. ја спакувал дрогата во 8 опаковки, а потоа ја залепил на неговото тело. Неговата намера била со автобус од Струга да отпатува во Виена каде што требало да се продава.

Стигнал само до излезот градот, каде автобусот бил сопрен од полициска патрола. Признал дека марихуаната била купена од Албанија, а во набавката учествувале уште двајца, првиот македонски, а вториот албански државјанин.

Пред крајот на минатата година, на овој патен правец во близина на селото Мислешево во полициска акција беше пресечен нарко канал при што беа запленети 160 килограми марихуана набавена во Албанија, а наменета за нарко пазарот во Македонија и Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top