Вкусот на мажите и на жените во однос на избор на долна облека е целосно различен, барем така велат резултатите од истражувањето на британската компанија за долна облека „Bluebella“, според кое мажите сакаат лесна, забавна, и се разбира, оскудна долна облека, додека дамите најчесто се одлучуваат за удобни и практични гакички и градник.
Исто така, мажите откриле дека кај нивната подобра половина претпочитаат да ја гледаат црвената боја, но и чипка, светки и машнички, а по практичната облеката не се баш луди.
Добрата вест за сите припадници на посилниот пол е дека, според анкетата, 84 отсто од жените имаат долна облека од ваков вид, бидејќи така се крева нивната самодоверба, но ги бираат удобните гакички како своја секојдневна облека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


