| четврток, 6 декември 2018 |

Надал раскина со девојката по 9 години врска

6

Вториот рекет во светот, Рафаел Надал и неговата девојка Чиска Периљо ја раскинаа својата 9-годишна врска. Иако Надал се уште не ја демантирал или потврдил оваа информација, медиумите на големо известуваат за ова. Како причина за нивното раскинување се наведува фактот што тие се оддалечиле еден од друг, а последен пат биле видени заедно на финалето на Ролан Гарос.

Се претпоставува дека до раскинувањето дошло тогаш, некаде кон крајот на јуни. Како што се вели во медиумите, Надал заминал сам на Ибица, а Чиска си тргнала по свој пат.

Тенисерот и атрактивната Шпанка се познаваат од детството и до сега беа една од најубавите двојки во спортскиот џет сет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top