Дваесет и деветгодишната Хилда.Л. од Санџак е пронајдена мртва во својот стан во Франкфурт, во населбата Нид.
Дваесет и деветгодишната Хилда. Л. од Санџак е пронајдена мртва во својот стан во Франкфурт, во населбата Нид. Откако полицијата влегла во нејзиниот стан, видела хорор бидејќи Хилда лежела мртва со рани на главата.
По обдукцијата е утврдено дека несреќната девојка починала по ударите со тап предмет по главата. Хилда зад себе оставила тригодишна ќерка, но, како што пренесува српски „Курир“, полицијата не навела каде било девојчето за време на убиството.
Традиционалните родители на Хилда не можеле да се помират со нејзиниот „западен начин на живот“, по што неколку пати ѝ се заканувале.
Истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Осум од десет родители во Македонија со ќотек ги дисциплинираат децата
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија



