| четврток, 6 декември 2018 |

„Малезија ерлајнс“ наместо над Украина лета над Сирија

malezija-avion-1

Авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ го пренасочила летот на редовната линија меѓу Лондон и Куала Лумпур наместо над Украина, што беше вообичаена рута, над Сирија, покажуваат податоците од Интернет страницата „Флајтрадар 24“.

По наводното соборување на малезискиот патнички авион во четвртокот, авио-компаниите почнаа да го избегнуваат воздушниот простор во источна Украина, каде се водат борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

Во петокот, авионот МХ4 на линија Куала Лумпур – Лондон, летал над источна Турција, наведува „Флајтрадар24“.

Промената на рутата сведочи за проблемите со кои авиокомпаниите се соочуваат при пронаоѓањето безбедни коридори на пренатрупаните рути меѓу Азија и Европа. Американската федерална служба за авијација, чија регулатива е меѓу најстрогите во светот, во мај издаде силна препорака за американските оператори да не летаат од Сирија или преку нејзината територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top