Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ вечерва ќе настапи на сцената на Античкиот театар во рамки на фестивалот „Охридско лето 2014“. Концертот се одржува во рамки на одбележување на 65-годишнината од основањето на ансамблот, во мај 1949 година.
Веќе шест децении ансамблот за народни игри и песни „Танец“ е симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура. Оваа институција претставува културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Официјално е формиран во мај 1949 година за да се создаде една институција која го одржува, негува, чува и збогатува македонскиот фолклор. Првото претставување на ансамблот надвор од границите на Македонија (тогашна Југославија), се случило во 1950 година во Англија, поточно на „Интернационалниот фестивал“ во Велс. Со изведбата на „Тешкото“, членовите на „Танец“ го освојуваат жирито и стануваат првиот ансамбл во историјата кој ги добива сите можни поени и највисоката награда. Ансамблот има добиено бројни награди и признанија („11 Октомври“, „Климент Охридски“, „13 Ноември“, Орден на заслуги доделен од Претседателот на Република Македонија).
Досега „Танец“ има одржано над 5.500 концерти низ целиот свет. Неговиот репертоар го сочинуваат игри и песни како што се: „Невестинско“, „Тешкото“, „Комитско“, „Чифте чамче“, „Осоговка” и многу други бисери на македонското народно творештво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“
-
„Илијада“ во копродукција на СНГ, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија вечерва го затвора „Охридско лето“


