| четврток, 6 декември 2018 |

Крадел квачила за поврзување вагони

Во периодот од 6 до 16 јули во населбата Ѓорче Петров во Скопје  непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба на железничката станица  Ѓорче Петров, при што биле украдени осум квачила за меѓусебно поврзување на вагоните, стекнувајќи се со противправна имотна корист во износ од 412.624 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top