Вистинска медиумска војна во Белгија и тоа балканска предизвика потегот на српскиот репрезентативец Александар Митровиќ при прослава на гол за Андерлехт во суперкупот против Локерен.
Андерлехт победи со 2-1, а Митровиќ го постигна водечкиот гол во 29. минута. Тренер му е Албанецот Бесник Хаси од Косово, кој го критикуваше уште на почетокот на подготовките дека има вишок на килограми. Потоа приказната ги добива добропознатите балкански размери, а Митровиќ при прославата на голот му сврте грб на албанското знаме, истакнато на трибината во чест на Хаси.
На социјалните мрежи гестот на српскиот репрезентативец ја разгоре балканската битка меѓу Србите и Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



