Музичарот од Флорида Џое Ѕунига минатиот вторник возејќи се по автопатот Интерстате 75 снимил неверојатна глетка. Во моментот додека разговарал со неговата сестра по телефон пред очите ја видел оваа слика – разделени облаци од кои истура дожд низ кои има празнина токму над автопатот.
– Додека возев зборував со сестра ми. И беше роденден. И реков дека ќе ја побарам подоцна, морав да го снимам ова, рекол тој за метеоролшкиот канал.
Откако ја објавил фотографијата на фејсбук и инстаграм брзо се проширила на социјалните мрежни, но многумина со неверување коментирале дека такво нешто не може да биде вистина и дека сигурно станува збор за фотошоп.
Сепак, на оваа глетка сведоци биле и други луѓе, а метеорологот од Weather Channel рекол дека феноменот настанал така што двете дождовни завеси завршувале токму на тоа место, а Ѕунига бил на вистинско место во вистинско време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.