| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации во недела вечер по њујоршко време почна вонредна седница за ситуацијата во Газа, каде за време на двонеделните судири меѓу Израел и Хамас загинаа над 400 луѓе, јави МИА.

sovet za bezbednost on

Седницата е на иницијатива на Јордан откако над 60 Палестинци и 13 израелски војници загинаа во израелски ракетен напад на предградие на Газа и борби со екстремистите.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, кој се наоѓа во регионот на Блискиот Исток, во обид да помогне за постигнување на договор за прекин на огнот, ја осуди ужасната акција и повика за итен прекин на огнот.

– Израел мора да покаже максимална воздржаност и направи многу повеќе за заштита на цивилите, изјави Бан, додавајќи дека државата мора да го почитува хуманитарното право.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top