Женскиот хор „Света Злата Мегленска“ освои двае први и едно второ место на светските хорски игри кои се одржаа од 9 до 19 јули во Рига, Летонија, која годинава е Европски град на културата.
Како единствен претставник од нашата земја хорот се натпреваруваше во три категории: световна музика, црковна музика- акапела и фолклорна музика.
Во конкуренција од 34 хорови „Света Злата Мегленска“ освои прво место во световно пеење, и во категоријата фолклор каде се натпреваруваа во конкуренција од 38 хорови. Додека во црковно пеење акапела во конкуренција од 38 хорови освоија второ место.
На хорската олимпијада која годинава се одржа по осми пат учествуваа 460 хорови од 60 држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.