Вчера наутро, околу 07:30 часот во ПС-Неготино, вработен во неготинскиот хотел „Памела“, пријавил кражба од патничко моторно возило „сани јонк“ со скопски регистарски ознаки управувано од двајца турски државјани кои престојувале во наведениот хотел.
Откако лицата ги оставиле патните торби во автомобилот, кој бил паркиран на паркинг просторот од хотелот, истите го заклучиле и отишле да појадуваат во хотелот. Кога се вратиле, забележале дека недостасуваат торбите.
Од торбите одземени се 2 лап топ компјутери, ајпод, фотоапарат, неколку кредитни картички на име на оштетените, лични документи, 327.000 денари, 2.000 евра, 450 турски лири при што на лицата им е причинета материјална штета од околу 650.000 денари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


