| четврток, 6 декември 2018 |

Украинските спасувачи ги открија телата на 186 загинати во падот на малезискиот авион

Armed pro-Russian separatist stands at a site of a Malaysia Airlines Boeing 777 plane crash in the settlement of Grabovo in the Donetsk region

На местото на несреќата на малезискиот „Боинг 777“ во Доњецката област се пронајдени телата на 186 загинати, а потрагата опфаќа површина од 25 километри квадратни, соопшти денеска Државната служба на Украина за вонредни состојби, јави ИТАР ТАСС.

До седум часот утрото по локално време се откриени телата на 186 загинати. Шефовите на операцијата како место за потрага одредија површина од 25 километри квадратни, која ги опфаќа селата Московское, Расипное, Грабово, Стрјуково и Грабовската акумулација, се наведува во соопштението.

Досега е проверена територија од 18 квадратни километри. Во операцијата учествуваат сто соработници на Службата за вонредни состојби, нуркачи, и 18 единици за техника, како и 70 лица од украинското МВР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top