| четврток, 6 декември 2018 |

Се слушаат експлозии на местото кадешто се сруши малезискиот авион

rt_malaysia_plane_4_kb_140717_16x9_992На местото каде што падна малезискиот Боинг 777 повторно се слушаат артилериски експлозии, пренесува РИА „Новости“.

Се забележува дека се слушаат поединечни експлозии, но и рафални, слични на работата на системот „Град“.

Русија не планира како дел од истрагата да ги зема црните кутии на малезискиот Боинг кој се сруши во Украина, изјави Сергеј Лавров за „Русија 24“.

Според неговите зборови, со тоа треба да се занимава меѓународната организација за цивилна авијација, Украина и оние земји чии граѓани се наоѓале во авионот.

Министерот нагласи дека Русија треба да пружи логистичка поддршка во истрагата.

Киев инсистира црните кутии да се прегледаат во Украина.

На 17 јули се случи авионска несреќа во која малезиски Боинг 777 падна на територијата контролирана од самоодбраната во Украина. Како резултат на падот загинаа сите 298 лица кои се наоѓаа во авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top