Малезискиот авион, кој во четвртокот најверојатно беше соборен, патувал по истата патека која ја минал авионот на рускиот претседател Владимир Путин, малку порано пред да биде соборен, пренесува „Интерфакс“.
Изворот кој сакаше да остане анонимен вели дека патеките на претседателискиот и на малезискиот патнички авион во една точка се пресекувале, на висина од 10.100 метри.
– Можам да кажам дека авионот на Путин и малезискиот Боинг се пресекувале на едно место. Контурите на авионот се слични, како и димензиите. На толкава оддалеченост, биле скоро идентични – изјавил анонимен извор, а го пренесува „Раша тудеј“.
Авионот на „Малезија ерлајнс“ требал да влезе во рускиот воздушен простор во 17,20 часот, но не се појавил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.