| четврток, 6 декември 2018 |

Страшна исповед на сведоците: Гледавме како тела паѓаат од небо!

ap_ukraine_plane_crash_pointing_jc_140717_16x9_992

Светските лидери бараат меѓунаордна истрага по падот на малезискиот патнички авион за кој се верува дека е соборен во источниот дел на Украина.

Секој миг стигнуваат нови страшни детали за несреќата.

На јавноста и се обрати и американскиот претседател Барак Обама, кој рече дека ќе се погрижи вистина да излезе на виделина. Тој рече дека проектилот кој бил испукан од територијата која ја контролираат руските сепаратисти и додаде оти најголема контрола над насилната ситуација во Украина има Владимир Путин.

Жителите на украинското село Расипноје, каде што паднаа делови од малезискиот авион раскажуваат дека „луѓето паѓале од небо“. Еден од нив, Николај, за агенцијата „Ројтерс“ изјави дека се чула голема врева, а одеднаш експлозија по која „луѓето почнаа да се појавуваат од облаците“. Потоа се појавил авионот кој паднал 50 метри од нив.

Уште една жителка на селото, Ала, изјавила дека слушнале голема врева која звучела како експлозија.

– Мислевме дека не бомбардираат. Но, кога истрчавме, видовме дел од авионот како паѓа врз нашите куќи – изјави таа.

„Малезија ерлајнс“ им понуди пари на сите патници кои купиле билети, но кои сакаат да ги вратат и не сакаат да патуваат со таа компанија, потврдено е за „Скај њуз“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top