| четврток, 6 декември 2018 |

Почина актерката Илејн Стрич

Американската актерка Илејн Стрич почина вчера на 89-годишна возраст. Актерката, која е позната по големиот број настапи на Бродвеј и во телевизиски серии, улоги за кои беше наградена и со „Еми“, ја загуби долгогодишната борба со дијабетесот.

Стрич со својот зарипнат глас и остар став во последно беше една од најбараните бабички во Холивуд, а зад себе има кариера долга повеќе од 60 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top